Пјер Емерик Обамејанг и екипата денес им одржаа фудбалска лекција на фудбалерите на Келн бидејќи на домашен терен им нанесоа пораз со високи 5:0 во рамки на 4. коло од германската Бундеслига.
Дортмунд „киксираше“ во изминатото коло на гостувањето кај Фрајбург одигрувајќи 0:0, но денес ја покажаа сета моќ и ја понижија екипата на Келн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голеадата ја отвори Филип кој мрежата на гостите ја затресе во 2. минута. Со крајот на првиот дел беше постигнат уште еден погодок дело на Сократис за 2:0.
Во продолжението се разбуди и најдобриот стрелец на оваа екипа Обамејанг кој во две минути постигна два погодоци. Најпрво од пенал во 59. минута, а само минута подоцна по асистенција уште еднаш ја затресе мрежата на противникот. До крајот на мечот Пилип постигна уште еден погодок и ја потврди радоста за „Милионерите“.
Дортмунд сега е лидер на табелата со 10 бодови, колку што има и Хановер. Од друга страна, Келн е последен бидејќи се уште нема ниту еден бод оваа сезона.