Дома Македонски спорт Пораз на женската фудбалска репрезентација од Албанија 🎥

Пораз на женската фудбалска репрезентација од Албанија 🎥

Женската македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на контролниот натпревар против Албанија попладнево со 3:1.

Не се најавуваше ваков исход кога уште во третата минута по грешката во албанската одбранa поведовме со 1:0, Наташа Андонова постигна убав гол од далечина.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, не успеавме водството да го задржиме ниту до крајот на првиот дел. Албанија изедначи од пенал на 10 минути пред паузата.

Резултатот 1:1 беше актуелен се до самата завршница кога Валетина Трока постигна два гола за победа на Албанија. Посебно лоша беше реакцијата на нашата одбрана при голот за 2:1.

Во овој циклус избраничките на Кирил Изов ги очекува уште еден пријателски натпревар и тоа против Црна Гора во Подгорица за три дена.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Лина Самарџиевска (Шведска);

Одбрана: Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Викторија Недева (Хајдук,Хрватска), Ана Милчевска (Сараево, БиХ), Христина Јошевска (Љуботен), Елена Панеска (Каменица Саса), Александра Јовановска (Истатов Кул), Катерина Петкова (Истатов Кул), Јована Павловска (Деспина);

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса), Сара Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);

Напад: Гентијана Точи (Купс, Финска), Теа Божиновска (Риека, Хрватска), Јулија Живиќ (Сплир, Хрватска), Марјана Нацева (Борусијам Германија), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дрис Мертенс се збогува со фудбалот на натпреварот во чест на големата легенда на Наполи!

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс најави дека на 38 години ја завршува својата професионалн…