Дома Фудбал Дејвид Мојс пред отказ!

Дејвид Мојс пред отказ!

Тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Дејвид Мојс е пред важен натпревар за својата иднина, пренесува британски „Скај“.

Иако вложија прилично многу пари и доведоа некои атрактивни имиња како Џанлука Скамака и Лукас Пакета „чеканите“ се борат за опстанок. Вчера на свој терен беа поразени со 1:5 од Њукасл, па јасно е дека Мојс е под притисок.

Според информациите од Островот, Мојс мора да победи или да одигра нерешено против Фулам за викендот, во спротивно ќе биде отпуштен.

Вест Хем само благодарение на гол-разликата е над опасната зона, а има 27 бодови колку и Евертон, Нотингем Форест и Бормут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селтик даде седум гола, но Малони предупредува: Со Селта ќе биде поинаку

По убедливите 7-1 против Хартс, Селтик ја пречекува Селта во Лига Европа. Шон Малони бара …