Жозе Мурињо и Лионел Меси никогаш немале прилика да соработуваат, но аргентинскиот фудбалер исклучително многу го цени португалскиот стратег.
Меси беше запрашан кои тренери најмногу ги почитува, а можеби за многумина е изненадување што покрај Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо се најде во неговиот избор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги почитувам сите тренер, но посебна почит имам кон Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо. Кога го победивме Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите, Сер Алекс ме прегрна и ме бакна во чело. Тогаш ми кажа и некои работи кои не ги разбирав, меѓутоа од неговиот говор на тело заклучив дека е одличен човек“.
„Жозе многу го сакам, секогаш многу ме насмејува кога играме против неговите тимови. Во една ситуација кога игравме против Реал Мадрид додека се загревавме пред почетокот ми кажа: Лео, носиш погрешен дрес и си на погрешна страна…
Сите се семееја додека ме влечеше за рака. Секогаш беше многу смешен кога игравме против Интер или Реал Мадрид, но е навистина добар човек. Некогаш знеше да ми каже нешто на страна што не можам да го кажам на никој друг. Штета што сме немале прилика да соработуваме“, изјави Меси.