Дома Останати Кошарка НБА Eмбид „броеше“ до 52, Леброн блесна за победа на Лејкерс 🎥

Eмбид „броеше“ до 52, Леброн блесна за победа на Лејкерс 🎥

Џоел Ембид како што стојат работите во завршницата од регуларниот дел од сезоната станува главен фаворит за освојување на МВП признанието.

Во победата на Бостон против Филаделфија од 103:101, Ембид постигна повеќе од половина поени на својот тим. Средбата ја заврши со дабл-дабл од 52 поени и 13 скока. Џејмс Харден оствари учинок од 20 поени и 10 асистенции, додека Дерик Вајт уфрли 26 поени.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Феникс по вчерашната победа против Сан Антонио (114:95) сега се четврти тим на Западната конференција кој го обезбедил плеј-офот. „Сонцата“ со скор од 44:35 не можат да паднат под местата кои водат во доигрувањето.

Најефикасен беше Девин Букер со 27 поени, Крис Пол постигна 22 поени, додека Деандре Ајтон уфрли 19, Дурант 18.

Одлична вечер имаше и Леброн Џејмс кој со 37 поени го предводеше својот тим во победата против Јута од 135:133. Лејкерс до победата дојдоа по едно продолжение.

Никола Јокиќ одигра само 24 минути за Деневер во поразот од Хјустон (103:124). Во тој период на паркетот Јокиќ постигна 14 поени и додаде 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Торонто 100-120, Детроит – Мајами 105-118, Орландо – Кливленд 113-117, Вашингтон – Милвоки 128-140, Бруклин – Минесота 102-107, Чикаго – Атланта 105-123, Хјустон – Денвер 124-103, Мемфис – Портланд 119-109, Њу Орлеанс – Сакраменто 103-121, Филаделфија – Бостон 103-101, Јута – ЛА Лејкерс 133-135, Голден Стејт – Оклахома 136-125, Феникс – Сан Антонио 115-94.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…