Дома Фудбал Реал победи 6:0, но Азар доживеа понижување 🎥

Реал победи 6:0, но Азар доживеа понижување 🎥

Белгиецот Еден Азар во вчерашната убедлива победа на Реал Мадрид од 6:0 против Ваљадолид доживеа големо понижување, но не може да се каже и дека е неочекувано.

Карим Бензема постигна хет-трик за седум минути, по што во вториот дел излезе од теренот и доби голем аплауз, а на негово место влезе Азар. Веројатно никогаш претходно не се случило побрзо аплаузи и овации да бидат заменети со свирежи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Навивачите се разочарани од учинокот на Азар во Реал Мадрид каде што дојде да биде наследник на Кристијано Роналдо, кога Португалецот заминуваше од Мадрид.

Aзар во Реал собра само 74 настапи, седум голови и 12 асистенции. Неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува само пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…