Дома Фудбал Останато Манчини кандидат за нов тренер на ПСЖ

Манчини кандидат за нов тренер на ПСЖ

Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини е еден од кандидатите за тренерското столче во ПСЖ.

ПСЖ оваа сезона повторно не успеа да дојде до трофејот во ЛШ и беше елиминиран во раната фаза, па раководството сака да го смени Галтие на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Еден од најсериозните кандидати за 58-годишниот Италијанец, кој веќе 5 години ја води репрезентацијата и го освои Европското првенство.

ПСЖ сака да донесе искусен стратег со реноме, а Манчини во кариерата освојуваше трофеи со Манчестер Сити, Интер и Зенит.

Манчини има договор со Италијанската федерација, но сигурно нема да може да ја одбие понудата од ПСЖ.

Како алтернатива се споменува и Мурињо, кој има договор со Рома, но би сакал да се пресели во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Moже ли да се случи шок пред Мундијалот? Во Франција загрижен поради Мбапе

Реал Мадрид памети подобрите времиња. Вчера мадридскиот клуб запиша уште еден неуспех, зав…