Дома Фудбал Фил Фоден ја напушти репрезентацијата, итно пренесен на операција

Фил Фоден ја напушти репрезентацијата, итно пренесен на операција

Фил Фоден ја напушти репрезентацијата на Англија пред вчерашниот натпревар со Украина во квалификациите за Европското првенство.

Офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити итно завршил на операција на слепото црвено, па победата на своите соиграчи од репрезентацијата ја проследил од болничкиот кревет.

Англиските медиуми објавија дека Фоден одеднаш не се чувствувал добро на тренингот. По прегледите било утврдено дека му е потребна инта операција. Фоден последен пат на теренот беше во последните 20-тина минути од победата против Италија во првото коло од квалификациите.

Засега не е познато колку Фоден ќе треба да паузира, но извесно е дека ќе го пропушти дербито против Ливерпул во 29-тото коло од Премиер лигата кое се игра во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …