Дома Македонски спорт Мак ракомет „„Чкемабари“ дpогирани почнаа да фрлаат се и сешто и да ја кршат оградата“, Босанец раскажува за хаосот во македонското дерби

„„Чкемабари“ дpогирани почнаа да фрлаат се и сешто и да ја кршат оградата“, Босанец раскажува за хаосот во македонското дерби

Инцидентот кој се случи вчера на македонското ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер привлече и големо внимание од медиумите во регионот.

За босанскиот портал „Спортспорт.ба“ ситуацијата од „Јане Сандански“ ја раскажал Ален Амиџиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


 „Минатата сезона кога играа овде во Скопје имаше и тепачка, само во помали размери. Лани Вардар ја освои титулата едвај пред Еурофарм Пелистер кој победи овде. Потоа на три кола пред крајот Вардар победи во Битола и ја освои лигата. а за тогаш за Пелистер играа Граѓан и Периќ.

На почетокот имаше добра атмосфера во салата. Капацитетот на салата е над 6.000, а сите билети се продадени. Натпреварот започна, а навивачите на Пелистер доцнеа петнаесетина минути и потоа влегоа. Кога влегоа започнаа немирите, се пукаа петарди и со факли се фрлаше кон домашните навивачи.

Само што влегоа на трибина почнаа да се однесуваат како хулигани. Сите дрогирани почнаа да ја тресат и да ја кршат оградата која им беше поставена пред нив. Запалија факели и почнаа да фрлаат. Не знам што имале во нив, шишиња, камења… Фрлеа по домашните фанови, а беа далеку од „Комити“ (најжестоките навивачи на Вардар), па фрлаа по луѓе, жени и деца. „Комитите“ добро реагираа, штом видоа што се случува и дека луѓе се во опасност, истрчаа преку теренот до гостинските навивачи“, раскажал Амиџиќ.

Покрај изјавата, тој споделил и видео од моментите на хаосот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…