На програмата во Шпанија утре е големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Барселона во оваа пресметка со најголемиот ривал влегува со девет бодови преднсот на табелата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со евентуална победа Каталонците ќе одат на „плус 12“ и според многумина во таква ситуација сезоната е завршена, тешко дека избраниците на Чави ќе си дозволат да испуштат толкава предност во преостанатиот дел од сезоната.
Такво мислење има и поранешниот играч на Реал Мадрид, Иван Елгера.
„Ако Барселона го победи Реал Мадрид во „Ел Класико“, сезоната во Ла Лига е завршена“, кратко порача за „Марка“, Елгера.
Барселона победа против Реал Мадрид на домашен терен нема уште од 2018 година, па тоа е нешто што им дава надеж на фановите на „кралевите“. Дербито е закажано во терминот од 21:00 часот.