Дома Фудбал Репрезентации Во Аргентина никој нема да носи „десетка“ после Меси

Во Аргентина никој нема да носи „десетка“ после Меси

Во декември Аргентина стана светски шампион после пауза од 36 години, во Катар „Гаучосите“ беа предводени од Лионел Меси кој по тој освоен Мундијал голем дел од јавност го смета за најголем во историјата.

Претседателот на Аргентинската федерација, Клаудио Тапија сега објави дека по повлекувањето на Меси од репрезентацијата никој нема да ја носи неговата „десетка“:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Кога Меси ќе се поензионира, ќе ја повлечеме десетката од националниот тим и ниту еден после него нема да ја носи. Мислам дека Лео тоа го заслужува“, изјави Тапија.

Она што е сигурно е дека Меси ќе игра за Аргентина на Копа Америка идното лето каде што Аргентинците ќе ја бранат титулата од 2021 година.

Во Аргентина се надеваат дека ќе го имаат Меси барем уште на СП 2026 година кое се игра во САД, Мексико и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …