Дома Фудбал Останато ЛЕ: Минимални победи на Јувентус и Јунајтед, „седмица“ на Фејенорд 🎥

ЛЕ: Минимални победи на Јувентус и Јунајтед, „седмица“ на Фејенорд 🎥

Денес во терминот од 18:45 се играа реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на Европа, а пласман во следната фаза обезбедија Манчестер Јунајтед, Севиља, Фејенорд и Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус по победата во првиот натпревар од 0:1 вечерва забележа уште еден триумф со истиот резултат. Мрежата се тресеше уште во 28-та минута кога погоди Влаховиќ. Сепак, по реакција на ВАР голот беше поништен.

Пред крајот на полувремето „старата дама“ доби пенал, а во таа ситуација втор жолт картон заработи Гуиде. Реализатор на најстрогата казна беше Влаховиќ. Во самата завршница Киеза постигна уште еден гол за конечни 0:2.

Манчестер Јунајтед по триумфот од 1:4 вечерва забележа рутинска победа од 0:1, а повторно гол постигна Маркус Рашфорд.

Минимална победа забележа и Фенербахче против Севиља, но тоа на турскиот гигант не му беше доволно затоа што Шпанците победија во првиот натпревар со 0:2.

Најубедлив во овие средби беше Фејенорд кој на домашен терен го декласираше Шахтјор со 7:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Данскиот селектор откри како реагирал откако се онесвести Ериксен

Додека играчите се собираа околу Кристијан Ериксен, данскиот селектор Бриан Ример за само …