Реал Мадрид во првиот меч го победи Ливерпул на „Енфилд“ со 5:2, а утре се игра реваншот на „Сантиаго Бернабеу“.
Сепак, тренерот на „кралевите“ е категоричен дека реваншот ќе биде полесен за Ливерпул отколку за Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварот утре ќе биде потежок за нас, отколку за Ливерпул. Тие ќе напаѓаат од првата минута, бидејќи нема што да изгубат. Резултатот од првиот меч е добар, но за нас ќе биде потепко утре. За утрешниот меч потребна ни е енергија, карактер и искуство“, изјави Анчелоти.
„Не зборуваме за добриот резултат од првиот меч, нема да се браниме и ќе се обидеме да напаѓаме. Мислам дека ќе биде отворен натпревар бидејќи ние нема да го браниме резултатот, сепак треба добро да се браниме“, заклучи Анчелоти.