Менаџерот на Арсенал, Микел Артета долго ќе го памети вчерашниот триумф во Премиер лигата на гостувањето против Фулам (0:3).
Арсенал на 11 кола пред крајот стигна до 21-та победа и ја задржа предноста од пет бодови во борбата за титулата над актуелниот шампион Манчестер Сити. За Артета тоа беше јубилејна 100-та победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сум среќен што победивме, посебно што беше нагости и што не примивме гол. Поноштен ни беше гол и добро е што тој прихилошки момент успеавме брзо да го надминеме. Мило ми е што имавме различни стрелци. Леандро Тросар имаше три асистенции, иако и можеше да постигне гол“.
Зборуваше и за јубилејот.
„Не знам, можеби е навистина брзо. Среќен сум секако, нека бидат уште многу“, истакна Артета.
Арсенал во овој момент има пет бода предност на врвот на табелата пред второпласираниот Манчестер Сити.