Дома Останати Кошарка НБА Meмфис и Милвоки победуваат и без најдобрите 🎥

Meмфис и Милвоки победуваат и без најдобрите 🎥

Неочекувано лесно Мемфис го совлада Голден Стејт со 131:110 во дербито на Западната конференција изминатата вечер.

Мемфис ги доби Вориорси без својот најдобар играч, Џа Морант кој се уште е под суспензија поради скандалот кој го направи (со пиштол се појави во ноќен клуб). Натпреварот беше одлучен со одличниот напад на Мемфис во првата четвртина кога постигнаа дури 48 поени, а примија 28.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се обидоа во продолжение гостите да се вратат, но Мемфис знаеше како да не дозволи пресврт и да го приведе натпреварот кон крајот.

И Милвоки победи без Јанис Антетокумпо и ттоа против Бруклин со 118:113. Милвоки првата четвртина ја доби со 37:20. Во продолжение гостите успеаа да се вратат, но не издржаа да парираат до самиот крај. Портис постигна 28 поени, а Лопез 24, додека на спротивната страна Милс беше најефикасниот со 23 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Шарлот 103-113, Индијана – Хјустон 134-125 (по прод.), Орландо – Јута 124-131, Мемфис – Голден Стејт 131-110, Милвоки – Бруклин 118-113, Сакраменто – Њујорк 122-117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…