По вчерашната елиминација на ПСЖ од Баерн во Лигата на шампионите на големо се зборува дека Кристоф Галтие веќе ги пакува куферите и веројатно само ќе ја доврши сезоната, а потоа во Париз ќе стигне нов стратег.
Галтие за нецела сезона помината на клупата на „светците“ успеа да стане најлошиот тренер на овој клуб во последните 18 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во својата прва сезона тој не успеа да дојде ниту до четвртфиналето во Лигата на шампионите, а ниту до четвртфиналето во Купот на Франција каде што исто така беше елиминиран.
Вакво нешто му се случи на Лорен Фурние во сезоната 2004/2005, но треба да се знае дека амбициите на ПСЖ тогаш не беа како денешните, шеиците од доаѓањето во Париз потрошија над милијарда евра за да ја освојат ЛШ, но се уште чекаат.