По вчерашниот пораз на Вардар од екипата на Зенит, денес за црвно-црните пристигнуваат фантастични вести, Сергеј Самсоненко ОСТАНУВА!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Лажните приказни кои се ширеа за мене навистина ме погодија и со „жешка“ глава објавив дека заминувам, но сега сакам да соопштам дека останувам. Дојдов тука и ја засакав Македонија, а на оние што измислуваа разни приказни, можам само да им порачам да се засрамат. Ќе дадам се од себе за нови успеси на Вардар“, изјави Самсоненко.
Ова е навистина одлична вест, не само за фанвоите на Вардар туку и за спортот во Македонија, сите знаеме колку Сергеј Самсоненко придонесе за македонскиот спорт.