Германскиот стратег Томас Тухел на лето би можел да се пресели во Серија А и да седне на кормилото на Рома ако Жозе Мурињо одлучи да си замине, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на „волчицата“ смета дека Тухел би бил идеален наследник на „Специјалниот“ и сака со него да започне нов проект.
Тухел е слободен откако доби отказ во Челзи на почетокот на сезоната, иако со „сините“ ја освои Лигата на шампиони во сезоната 2020/21.
Сепак, Рома ќе има жестока конкуренција, а интерес за Тухел покажува уште еден клуб од Серија А, а тоа е Интер доколку одлучи да му врачи отказ на Симоне Инзаги на крајот на сезоната.