Дома Трансфер зона Лапорта ги израдува навивачите: Барселона ќе доведе четири засилувања, ќе има понуда и за Бускетс!

Лапорта ги израдува навивачите: Барселона ќе доведе четири засилувања, ќе има понуда и за Бускетс!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најви дека Каталонците ќе бидат активни во летниот преоден рок.

Очигледно Лапорта е сигурен дека нема да имаат проблеми и не се грижи што клубот едвај се врати во границите на фер-плејот и што до неодамна дури им се закануваше и банкрот. Пред само една година Барселона беше во вкупен минус од над милијарда евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во обраќањето до јавноста Лапорта изјави:

„Ова лето ќе доведеме лево крило, стопер, напаѓач и веројатно играч за врска, зависи до понудата на пазарот. Сепак, мораме да знаеме дека нашите ресурси се ограничени. Абде Езалозули и Нико Гонзалес ќе се вратат на позајмица од Осасуна и Валенсија, тие ќе бидат во првиот тим затоа што тренерите ги посакуваат. Освен тоа обајвувам и дека на капитенот Серхио Бускетс ќе му биде понуден нов договор“, изјави Лапорта.

Сезонава на Барселона резултатски добро и оди и на табелата во Ла Лига по 24 кола има девет бода повеќе од Реал Мадрид. Исто така ги победија „кралевите“ и во првиот натпревар од полуфиналето во шпанскиот куп со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигата одлучува дали да го укине ВАР системот

Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување…