Крај на сагата со иднината на Аријан Адеми, македонскиот репрезентативец се сели во Кина и од 20-ти март ќе биде играч на Пекинг Гуан.
Познати се и деталите од трансферот. Динамо Загреб од заминувањето на Адеми ќе заработи еден милиони евра, додека Адеми ќе потпише договор на три години со плата од 1.65 милиони евра.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Последниот натпревар за Динамо, Адеми ќе го одигра на 19-ти март и тоа против Ријека.
Адеми го напушта Динамо како најтрофеен играч во историјата на клубот. Maкедонскиот репрезентативец со „модрите“ освои: 11 титули во првенството, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска.
Зад себе има 358 натпревари на кои постигна 41 гол и додаде 30 асистенции.