Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар. Клубот веќе започнал преговори за спогодбен раскин на договорот со фудбалерот за кого платија 115 милиони евра.
Последниот натпревар во дресот на „кралевите“ Азар го одигра на 11-ти септември минатата година. Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине. Во Мадрид би можел да го задржи само евентуално заминување на Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Азар требаше да биде голема ѕвезда во Мадрид, но место тоа се покажа како една од најлошите инвестиции во историјата на „кралевите“.
Од неговото доаѓање летото 2019 година, до почетокот на 2023 година одигра само 73 натпревари за Реал. Оваа сезона на теренот беше само седум пати од кои двапати како стартер, собирајќи 296 минути.