Плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за можноста повторно да игра во ист тим со Франк Кеси.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кеси минатото лето го напушти Милан и како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Поради тоа се шпекулира дека може да се врати во Серија А, а силен интерес за него покажува Интер.
Чалханоглу призна дека често разговара со Кеси и му порача да му се придружи во Интер.
„Кеси е мој пријател и често разговараме. Тој е фантастичен фудбалер и номално дека би сакал да играме заедно во Интер. Можам да му порачам дека Интер е на нивото на Барселона“, изјави Чалханоглу.