Во недела Македонија Ѓорче Петров игра против Тиквеш, а овој натпревар ќе има и хуманитарен карактер.
Средствата од билетите кои се купуваат на касата на стадионот ќе бидат донирани за 6-месечниот Дамјан Петковски од Ѓорче Петров.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тука сме итно потребни! На 6-месечниот Дамјан констатирана му е вродена срцева мана-мултипен ВСД, апокално. Доколку болеста веднаш не се третира ќе донесе животно-загрозувачка состојба!Потребна е наша помош за што поскоро Дамјан да биде опериран во Третата градска болница во Софија, Бугарија.
За таа цел, потребно е да се соберат парични средства во износ од 30.000 евра кои во текот на следната недела треба да бидат уплатени на сметка на гореспоментата болница. Бидејќи, операцијата е итна и ќе биде извршена по уплатата на средствата, немаме повеќе време за чекање! Дококолку не сте во можност да присуствувате на натпреварот, донирајте на сметката на Даниел Петковски со број 280000000383604-Силк Роуд Банка а.д. Скопје. Да се собереме во што поголем број и да помогнеме Дамјан да продолжи да живее здраво и безгрижно!“, објавија од клубоот од Ѓорче.