Шпанскиот прволигаш Кадиз побара да се стопира сезоната во Ла Лига додека не се реши ситуацијата со големата грешка на нивна штета.
Против Елче, Кадиз имаше предност, а во завршницата на гостите им беше признат гол, иако имало офсајд. Офсајдот не го забележиле ниту судиите на теренот, ниту од ВАР собата. Од клубот истакнаа дека е испратена жалба до Шпанската фудбалска федерација, меѓутоа таа жалба им беше одбиена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Објаснувањето од Ла Лига е дека не е можно резултатот од натпреварот да се поништи. Барањето на Кадиз беше да се поништи голот на Елче и да се доиграат тие последни девет минути.
Клубот не се откажа и нивното барање привремено да се стопира лигата за случајот да се реши сега е прегрлено на Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Кадиз се наоѓа на 16-тата позиција во Примера со два бода над опасната зона.