Дома Фудбал Англија Нема крај на проблемите за Челзи: Тијаго Силва го чека пауза!

Нема крај на проблемите за Челзи: Тијаго Силва го чека пауза!

Челзи е во сериозна криза и резултатите на тренерот Грем Потер воопшто не се добри, па на големо по натпреварот за викендот се најавуваше и негов отказ. Сега „сините“ добиваат нови лоши вести, се повреди Тијаго Силва.

Бразилецот се повредил во поразот од Тотенхем (0:2) и се здобил со повреда на лигаментите на левото колено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Резултатите од скенирањето потврија дека лигаментите на коленото на Тијаго се оштетени и тој сега ќе соработува со клупскиот медицински персонал во текот на опоравувањето за да се врати колку што е можно побрзо“, објави Челзи.

Клубот не објави колку ќе трае опоравувањето на Сила, меѓутоа се очеквуа да биде помеѓу шест и осум недели.

Бразилскиот дефанзивец на почетокот на февруари го продолжи договорот со лондонскиот клуб на уште една година, а дојде во 2020 од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…