Aктуелниот шампион на Италија, Милан одлучи сам да започне проект за изградба на нов стадион.
Темата за која многу се пишуваше и во минатото сега добива нова динамика. Јасно е дека „Сан Сиро“ е дотраен и Милан и Интер сакаат нов стадион, сепак двата клуба, како и градот не успеваат да најдат заедничко решение.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Првиот потег сега го повлекува Милан. Актуелниот шампио на Италија, како што пренесува „Газета дело Спорт“ сам влегол во оваа авантура, без градскиот ривал.
Наводно, новите сопственици веќе пронашле три можни локации. Две се наоѓаат надвор од градот, а третата во близина на „Сан Сиро“.