Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи да им помогне на клубовите и фудбалерите кои се наоѓаат во подрачјата погодени од страшниот земјотрес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одлуката на извршниот одбор на турската куќа на фудбалот е сите клубови од тие региони од 1. март и официјално ќе можат да поднесат барање за напуштање на лигата, но од есен ќе се натпреваруваат во истиот ранг.
Односно, повлекувањето од актуелните првенства нема да доведе до нивно испаѓање во пониска лига.
Покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на Турција им дозволи на играчите и тренерите од овие клубови до 15-ти март да ја променат екипата.
Поголемиот број клубови кои ќе ја продолжат сезоната ќе им помогнат на загрозените ривали со солидарни трансфери.