Дома Фудбал Останато Изненадување: Џерард нов тренер на ПСЖ!?

Изненадување: Џерард нов тренер на ПСЖ!?

Според последните информации од дел од француските и британските медиуми, Стивен Џерард е фаворит за но тренер ПСЖ.

Галтие разочара на клупата на гигантот од Париз, а во последниот натпревар за викендот ПСЖ успеа да се избори за тешка победа против Лил (4:3) до која дојде благодарение на Меси кој погоди од слободен удар. Многумина сметаат дека Галтие нема авторитет и не може да ја контролира соблекувалната полна со ѕвезди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најавите се дека ако ПСЖ биде елиминиран од Баерн (првиот натпревар го изгуби со 0:1) тогаш Галтие и дефинитивно ќе добие отказ.

Кога е Џерард во прашање, ПСЖ би бил неговиот најголем предизвик. Актуелната сезона ја започна во Астон Вила од каде што доби отказ по слабите резултати, претходно успешно го водеше Ренџерс.

Покрај Џерард се шпекулира и дека ПСЖ може да се одлучи да го врати Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик сега е фаворитот за нов тренер на Баерн, но навивачите се посебно воодушевени од најавите за негов помошник

Реномираниот германски „Скај Спорт“ најавува кој би можел да биде следниот тренер на Баерн…