Дома Фудбал Реал во последните две децении не бил ефикасен како вчера!

Реал во последните две децении не бил ефикасен како вчера!

Реал Мадрид вчера само вторпат во својата историја постигна пет гола на еден натпревар од нокаут фаза во Лигата на шампионите и првпат по 1998 година, но вчера на „Енфилд“ избраниците на Карло Анчелоти покажаа голема ефикасност.

Имено, познатата страница за статистика „Опта“ објави дека во последните две децении Реал не бил ефикасен како во вчерашниот натпревар. „Кралевите“ постигнаа пет гола и тоа со помалку од двоцифрен број директни удари кон противничкиот гол.

„Кралевите“ испратија девет удари, а постигнаа пет гола и тоа ефикасност поголема од 50%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…