Лионел Меси ги искористи слободните денови да отпатува во Барселона, Аргентинецот често е во посета на овој град откако замина во Париз.
Меси во Барселона пристигнал неколку часа пред натпреварот помеѓу Барселона и Кадиз, а со сопругата Антонела замина и на вечера. На оваа вечера тој ги повика поранешните соиграчи Жорди Алба и Серхио Бускетс со кои остана во одлични односи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заедно со нив беше и еден од помошниците тренери во Барселона. Нивното дружење на социјалните мрежи го објави сопругата на Лео, Антонела.
Инаку, иднината на Меси во Париз не е сигурна, се уште се шпекулира за негово заминување, а Барселона секако се наведува како една од опциите.
Lionel Messi and Antonela with former Barcelona team mates Jordi Alba and Sergio Busquets. Via Antonela's Instagram. pic.twitter.com/alVCKRdFWc
— Roy Nemer (@RoyNemer) February 21, 2023