Дома Топ вести Баерн го сака плејмејкерот на Реал Мадрид

Баерн го сака плејмејкерот на Реал Мадрид

Баерн Минхен е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и на лето ќе си замине од клубот како слободен агент.

Себаљос во последно време добива шанса кај Анчелоти и покажа дека е играч со голем квалитет, но на лето сака да ја промени средината.

Најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој бара засилување за средниот ред и во Шпанецот гледа одлична можност.

Баварците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Себаљос и ќе започнат преговори за да ја победат конкуренцијата од италијанските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…