Дома Фудбал Англија Челзи ги прекинал преговорите со Мејсон Маунт

Челзи ги прекинал преговорите со Мејсон Маунт

Раководството на Челзи ги прекинало преговорите со Мејсон Маунт за продолжување на договорот, пренесуваат англиските медиуми.

Двете страни долго време водат преговори, но без особен прогрес, бидејќи никој не сака да отстапи од своите позиции.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


24-годишниот играч за врска, кој две години по ред беше избран за најдобар играч на Челзи, е еден од најмалку платените фудбалери на „Стенфорд Бриџ“.

Тој настојува на значително зголемување на платата како неговите колеги од репрезентацијата, односно 200.000 фунти неделно.

Челзи ги ставило „на пауза“ преговорите, а таквата ситуација предизвика интерес кај многу европски гиганти, пред се Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Сепак, Челзи не се откажува и наредните месеци ќе испрати нова понуда до неговите агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…