Задржувањето на Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“ и продолжувањето на договорот е приоритет на Манчестер Јунајтед.
Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година, па Јунајтед сака до лето да биде решена неговата иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете страни веќе подолго време преговараат, но се уште нема конечен договор за продолжување на соработката.
„Новиот договор на Рашфорд е приоритет за клубот. Засилено работиме на тоа прашање. Треба по секоја цена да го задржиме Маркус. Уште првиот ден кога се сретнавме му кажав, дека сакам да го гледам насмеан. Сега тој се наоѓа на место каде е среќен и сите околу него се среќни“, изјави Тен Хаг за клупскиот ТВ канал.
Англискиот репрезентативец игра фантастична сезона и до овој момент има постигнато 22 гола и 8 асистенции.
🗣 "In the background we are working hard."
— Football Daily (@footballdaily) February 19, 2023
Erik ten Hag is prioritising tying Rashford down to a new contract 📑🤝 pic.twitter.com/9mjpiexucs