Македонскиот фудбалер Константино Горгиовски кој доби повик да игра за репрезентацијата на Нов Зеланд имаше успешен настап на првенството до 17 години.
Треба да се напомене дека Горгиовски стана првиот играч од македонската лига кој успеал да се пласира на едно Светско првенство (младинско), откако по триумфот на континенталното првенство на Океанија Нов Зеланд го обезбеди пласманот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Toј е на почетокот на својата кариера, па сега во интервју за нашиот портал одговори на неколку прашања со кои подобро би го запознале.
За жал, Македонија нема да го има на располагање во иднина затоа што тој веќе ќе настапи на еден Мундијал, па според правилата иако се работи за младински нема да има право во иднина на промена.
Нов Зеланд го следел од самиот почеток на неговата кариера, ја препознал шансата и ја искористил, повик од Македонија никогаш не добил.
Каде ги направи твоите први фудбалски чекори?
Моите први фудбалски чекори ги направив во Нов Зеаланд на 4-годишна возраст.
Како дојде повикот од Нов Зеланд, каква е твојата поврзаност со оваа земја?
Јас сум роден во Нов Зеаланд, и сум нивни државјанин и Новзеаландската федерација подолг период ме следеше и така си дојде повикот.
Како беше прифатен во репрезентацијата?
Бев прифатен многу добро, со оглед на тоа што некои од играчите се знаев од предходно, но имаше и играчи што и прв пат ги запознав. Во главно сите бевме заедно, сложни како семејство. Исто така бев и многу убаво прифатен и од стручниот штаб на репрезентацијата.
Според прикажаното на турнирот беше еден од подобрите играчи, дали ти беше лесно да се прилагодиш?
Бевме сите заслужни за успехот и со оглед на тоа што атмосферата на репрезентацијата, беше многу добра за мене беше многу едноставно да се прилагодам.
Каде се чувствуваш најдобро на теренот, на која позиција?
Најдобрата позиција и во клубот и во репрезентацијата е на позицијата играч за врска во средина.
На враќањето од Нов Зеланд, во моментите кога беше во Истанбул се случи земјотресот во оваа дражава. Како тогаш реагираа од Нов Зеланд, колку и како ти помогнаа при враќањето до Македонија?
Да токму така имаше многу одложени летови, и беше пролонгиран мојот престој во Истанбул на неколку дена, но Новозеландската репрезентација сето тоа на професионален начин го направи да ми обезбеди комотен престој и приоритетен лет за Скопје.
Имаше ли понуда да играш за младинските категории во Македонија, пред да дојде понудата од Нов Зеланд?
Јас во Македонија сум од 2019 година , желбата постоела, но повикот никогаш не стигна.
Дали постои шанса во иднина да заиграш за Македонија?
Хм, прашањето е сензитивно, Нов Зеаланд ме препозна и ме следеше цело време, ми влеваа голема надеж кај мене,така да не би можел да одговорам конкретно на ова прашање.
ФИФА правилата се едноставни, играњето на еден Мундијал значи дека неможеш повеке да играш за друга држава, а ние со Нов Зеаланд се пласиравме на светско првенство за до 17 години што ке се одржи оваа година од 10 ноември до 2 декември во Перу.
И за крај какви се твоите планови на клупски план?
Јас сум во клуб каде што сакам и сум срекен и каде што напредувам, ФК Македонија Ѓорче Петров.
Желбата и амбицијата ми е од тој клуб да отидам во некој од европските елитни клубови, шансата е тука пред нас само треба да ја искористиме.