Дома Фудбал Италија Алегри: Престанете со глупостите дека сакам да победувам 1:0, ме нервирате

Алегри: Престанете со глупостите дека сакам да победувам 1:0, ме нервирате

Јувентус одигра само 1:1 против Нант во Торино во 1/16 финалето од Лигата на Европа, но многу по овој натпревар ќе се коментира недосудениот пенал во самата завршница (ТУКА).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За таа ситуација прашање доби и Алегри на прес-конференцијата по натпреварот.

„Нема смисла сега да се зборува дали тоа било пенал. Не вреди да се плаче. Можевме подобро да регираме, посебно кога имавме водство. Ние застанавме и дури после примениот гол повторно се активираме. Треба да се каже и дека Нант постигна добар гол, не е лесно така да шутнете“, изјави Алегри.

Сепак, голем дел од навивачите го критикуваат и Алегри поради неговиот дефанзивен пристап по даден гол, односно игра на 1:0.

„Никогаш не сум кажал дека сакам да победувам 1:0. Ме нервирате со тие глупости. Се создаде таа слика која воопшто не е вистина. Погледнете ја статистиката на моите тимови, секогаш имав најдобра одбрана и втор најдобар напад. Во Милан и во Јувентус. Моите тимови постигнуваат по 70-80 голови во сезона. Јас зборувам за факти и бројки, а вие за апстрактни работи“, истакна италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Moќта на Ламин Јамал: Од еден негов мал потег во финаледо моден бренд заработи милиони

Младиот шпански фудбалски феномен Ламин Јамал уште еднаш покажа колкава влијателност има н…