Еден Азар до крајот на сезоната ќе остане во Мадрид, по што ќе си замине од Реал како едно од најголемите промашувања во историјата.
Азар не може да го прифати тоа и направил потег кој покажува колку е лут и разочаран со неговиот статус кај „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот пред четири години пристигна во Реал Мадрид за 115 милиони евра по неколку одлични сезони во Челси, но никогаш не ги оправда очекувањата.
Огромната конкуренција го исфрли од плановите на тренерот Карло Анчелоти, кој решил уште пред јануарскиот преоден рок дека не му е потребен и може да го продаде.
Азар смета дека Анчелоти не е фер кон него и дека не му дава шанса да се докаже, па Белгиецот неодамна се скарал со него и тие се во лоши односи.
Белгиецот, наводно, донел одлука воопшто да не му помага на тимот до крајот на сезоната без разлика дали Анчелоти ќе има потреба да го пушти на некој дуел.