Вечерва се врати Лигата на шампионите по паузата повеќе од два месеци, а не иако имавме интересни дуели сепак, многу голови не видовме. ПСЖ и Милан забележаа минимални победи.
Дербито на вечерта се играше на „Паркот на принцовите“ во Париз помеѓу ПСЖ и Баерн. Од самиот старт ПСЖ беше подобриот тим на теренот. Каква беше ситуацијата на теренот доволно зборува податокот што ПСЖ во првите 45 минути имаше само еден удар и тоа не во рамките од голот, Баерн упати девет удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човек на одлука исто како и во финалето во 2020 година помеѓу овие две екипи беше Кингсли Коман. На стартот од второто полувреме во 53-тата минута Французинот ја погоди мрежата на својот поранешен тим и обезбеди предност пред реваншот.
Килијан Мбапе кој не го започна натпреварот поради повреда во игра влезе во 57-та, а ПСЖ во продолжение беше нешто повеќе опасен, Мбапе и ја погоди мрежата, но голот беше поништен поради офсајд. Павар во самиот финиш заработи црвен картон, но тоа не го искористи ПСЖ за изедначување.
Coman Goal pic.twitter.com/UkNqtBJUDo
— Skirk. (@SkirkFTBL) February 14, 2023
Во вториот натпревар со истиот резултат Милан на домашен терен беше подобар од Тотенхем. Тука моментот на одлука се случи по само седум минути игра кога Брахим Диаз го обезбеди триумфот на „росонерите“.
Brahim Diaz Goal vs Tottenham 1-0|AC Milan vs Tottenham 1-0#ACMilan#TottenhamHotspur#UCL pic.twitter.com/TgOKRfxccQ
— SPORTS VISUALS (@FUTGOAT24) February 14, 2023