Легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер призна дека како дете бил навивач на лутиот ривал, Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер цели 11 години го носеше дресот на „црвените ѓаволи“, а потоа седеше и на кормилото на „Олд Трафорд“, па оваа изјава сигурно нема да им се допадне на навивачите на Јунајтед.
„Секоја сабота во Норвешка го гледавме „Мечот на денот“, а се разбира во 80-те години Ливерпул беше најдобриот тим. Таму играа Кени Далглиш, Јан Раш и многу други, па јас бев навивач на Ливерпул. Многу ми е тешко ова да го кажам како играч на Манчестер Јунајтед, но тие беа подобар тим во 80-те години“, изјави Солскјер.
Од поодамна имаше тврдења дека Солскјер е голем фан на Ливерпул, но тој во 2016 години изјави дека никогаш нема да ги потврди таквите тврдења.