Дома Фудбал Англија Лоши вести за Конте: Заврши сезоната за еден од неговите најважни играчи

Лоши вести за Конте: Заврши сезоната за еден од неговите најважни играчи

Лоши вести пристигнуваат за Тотенхем и Антонио Конте, Родриго Бентакур ги скина предните вкрстени лигаменти.

Тотенхем соопшти дека Уругваецот се здобил со една од најтешките повреди и ќе паузира најмалку седум месеци. Бентакур се повреди на натпреварот против Лестер во саботата и веднаш беше јасно дека ситуацијата е сериозно.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Јувентус оваа недела ќе се оперира и го чека долго опоравување.

Тотенхем пред десет дена остана без првиот голман Уго Лорис, па така Конте се соочува со сериозни проблеми пред двомечот со Милан во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Рафиња игра неверојатна сезона во Барселона – изедначи и рекорд на Меси!

Барселона ја совлада Борусија Дортмунд со 4:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лиг…