Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас постигна нов за Наполи во вчерашната победа на Наполи против Кремонезе од 3:0.
Елмас ја потврди победата на Наполи со третиот гол на средбата кој беше негов шести сезонава. По натпреварот тренерот Лучијано Спалети испрати големи пофалби за Елмас зборувајќи дека понекогаш и му е жал што Елиф не е стартер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу пати досега кажав дека Елмас секогаш кога игра е импресивен. Кога е на теренот секогаш го дава максимумот и покажува дека заслужува да биде на теренот, некогаш жалам што не е стартер. Постојано дава голем придонес во победите и е среќен што може да помогне“, изјави Спалети.
Со шест постигнати гола Елмас е трет стрелец на Наполи сезонава повеќе од него имаат само Виктор Осимен со 17 и Квича Кварцацхелија со девет. Наполи сезонава вкупно 54 гола, а дури 17 биле дело на резервистите што покажува колку овој тим е комплетен и многу веројатно на крајот ќе стигне до Скудетото во Италија.
ELMAS 😎
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) February 12, 2023
pic.twitter.com/f0JuMKgQ5n