Дома Фудбал Останато Уште еден клуб се откажа од турското првенство

Уште еден клуб се откажа од турското првенство

Пред неколку дена од турската Супер лига се откажа Хатајспор поради катастрофалниот земјотрес, а денес пристигна потврда дека првенството нема да го продолжи и второлигашот Јени Малатијаспор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исто така под голем знак прашалник е продолжувањето на Газиантеп, клуб кој доаѓаше од уште еден од најпогодените градови. Ќе потсетиме, македонскиот фудбалер Лука Станковски настапува тука.

Сепак, не е исклучена и можноста цело турско првенство да биде прекинато, натпреварите за овој викенд се веќе одложени.

Раководството на турската федерација испратило предлог до Хатајспор и Газинатеп да го користат тренинг кампот на репрезентацијата, но клубовите од најпогодените градови засега немаат намера да играат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Репрезентацијата на Канада првпат во историјата се квалификуваше за нокаут фазата на Светс…