Бразилскиот репрезентативец, Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рафиња беше на мета на многу европски гиганти, пред се Челзи и Арсенал, но на крајот се одлучи кариерата да ја продолжи во Барселона.
Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.
Барселона има финансиски проблеми и сака да го продаде Бразилецот, а најсилен интерес за него покажува Милан.
„Росонерите“ се во потрага по засилување за десната крилна позиција, Рафиња е на врвот на листата желби, а Малдини е спремен да понуди 50 милиони за неговиот потпис.