Дома Фудбал Останато Се „тресе“ столчето на Галтие во Париз: ПСЖ сака големо име за нов стратег

Се „тресе“ столчето на Галтие во Париз: ПСЖ сака големо име за нов стратег

ПСЖ не е во добра форма, а богатите газди сакаат резултати, па веќе секој нов кикс за тренерот на „светците“ Кристоф Галтие носи и нов притисок.

По последната елиминација од Купот на Франција, медиумите веќе најавуваа и дека стратегот на гигантот од Париз може да биде сменет. Наводно, катарските сопственици веќе размислуваат за нов тренер, а сонуваа за Зидан кој откако не стана селектор на Франција би можел да прифати понуда од ПСЖ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Зидан се надеваше на селекторската позиција во Франција, меѓутоа Дешам го продолж договорот, па тој остана без ангажман. Второто име кое се споменува е Пеп Гвардиола.

Иднината на Гвардиола е неизвесна по последните случувања во Манчестер Сити и можната казна.

Најавите се дека со евентуална елиминација од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите може да заврши и епизодата на Галтие во Париз. Треба да се спомене дека во првиот меч против баварците сигурно нема да игра Мбапе, а под знак прашалник е и настапот на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер Мајами прави клучен чекор во задржувањето на Меси!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами води сериозни преговори со Атлетико Мадрид за трансферот на …