Дома Фудбал Англија Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Преговорите помеѓу Челзи и Мејсон Маунт за продолжување на договорот се во застој, пренесуваат италијанските медиуми.

Двете страни долго време водат преговори, но без особен прогрес, бидејќи никој не сака да отстапи од своите позиции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


24-годишниот играч за врска, кој две години по ред беше избран за најдобар играч на Челзи, е еден од најмалку платените фудбалери на „Стенфорд Бриџ“.

Тој настојува на значително зголемување на платата како неговите колеги од репрезентацијата, односно 200.000 фунти неделно.

Челзи му нуди 7-годишен договор, но со помала плата од онаа која ја бара Маунт во моментов, па двете страни се далеку од договор. Ситуацијата будно ја следат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кои се силно заинтересирани за Англичанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…