Дома Луд Спорт Поранешен австриски репрезентативец застрелан во Виена!

Поранешен австриски репрезентативец застрелан во Виена!

Поранешниот австриски фудбалер и репрезентативец Волкан Кахраман е убиен на улиците во Виена по расправија во кафе-бар, јавуваат австриските медиуми.

Според новинската агенција „АПА“, 43-годшниот Караман бил застрелан од 46-годишен човек напладне по кратка расправија, по што убиецот се самоубил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австриските медиуми шпекулираат дека причина за оваа трагедија е љубомората. Оттаму додаваат дека на местото на несреќата се собрале членови на семејството на двајцата починати и дека меѓу нив дошло до конфликт.

Кахраман играше за јуниорскиот тим на Австрија од Виена и важеше за најголем австриски талент. На 15 години се пресели во холандски Феенорд. Подоцна играше во Турција, а кариерата ја заврши во Австрија.

Тој одигра три натпревари за националниот тим во текот на есента 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Нереди во Франција: Бесните навивачи ги гаѓаа играчите со факели🎥

Натпреварот од 36-то коло на француската Лига 2 Троа – Валенсиен беше прекинат и зав…