Дома Фудбал Фудбалерите на Мајорка не само што го победија Реал, туку и ѝм „удриле“ добар ќотек!

Фудбалерите на Мајорка не само што го победија Реал, туку и ѝм „удриле“ добар ќотек!

Majорка вчера го изненади Реал Мадрид, а Барселона тој кикс на „кралевите“ го искористи и сега Каталонците имаа „плус осум“ на врвот во Ла Лига. Меѓутоа на натпреварот на Реал Мадрид е забележан и еден рекорд.

Имено, Винисиус Жуниор бил десет пати фаулиран од фудбалерите на Мајорка, додека вкупно домаќините 29 пати ги фалираа противничките фудбалери. Ова е рекорд во шпанската Ла Лига од 2020 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Треба да се спомене и дека Винисиус стана најфаулираниот играч на Реал Мадрид во последните 17 години откако се води оваа статистика. Десет пати фаулиран на еден натпревар пред овој дуел беше Иско и тоа против Бетис во 2013 година.

Рекордер во оваа категорија е Густаво Лопез од Селта над кого на натпревар во 2007 година беа направени 12 прекршоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…