Дефинитивно Дани Алвес поминува низ еден од своите најтешки моменти во животот откако девојка го обвини дека ја cилyвал во ноќен клуб минатата година во Барселона.
Алвес откако се врати во Барселона полицијата го yaпси и веќе три недели е зад рештки, не доби право да се брани од слобода. Клубот каде што настапуваше, Пумас во меѓувреме го отпушти и од него ќе бара оштета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најновата лоша вест за најтрофејниот фудбалер на сите времиња е и дека го оставила сопругата.
Манекенката Јоана Санз прво го бранеше во медиумите, но очигледно сега ја променила одлуката. Прво таа ги избриша сите слики со фудбалерот од социјалните мрежи, за сега да бара и официјално да се разделат.
„Адвокатите на Алвес го известиле дека сака да се види со него, но Бразилецот одбил затоа што знаел дека ќе дојде со документите за развод кој ќе треба да ги потпише“, пишуваат бразилските медиуми.