Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, ја известил својата франшиза дека сака да ја промени средината.




Ирвинг веќе извесно време не е најсреќен во Њујорк, а тензиите започнаа минатата година кога одбиваше да се вакцинира против коронавирусот и поради тоа поголем дел од сезоната помина надвор од паркетот.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сега отворено изразил желба да замине и Нетси ќе се обидат да најдат добра комбинација со која двете страни би биле задоволни. Имаат рок до 9 февруари кога истекува периодот на трејд, во спротивно, Ирвинг би останал до крајот на сезоната додека не му истече договорот.




Кајри оваа сезона одигра 40 натпревари и има просек од 27,1. по натпревар.