Репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар стана нов светски шампион откако во финалето ја победи Франција по подобро изведувањето пенали.
Меѓутоа можеше и да не дојде до пенали и Французите да слават. Рендал Коло Муани ќе беше херој на целата нација ако ја реализираше 100% прилика во последните моменти од второто судиско продолжение.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Емилијано Мартинез во таа ситуација запиша спектакуларна одбрана и обезбеди пенали каде што Аргентина беше подобра. Иако од финалето помина еден месец Муани се уште мисли на тој момент и веројатно така ќе биде уште долго.
„Таа шанса се уште ми поминува низ главата. Кога ја добив топката прво нешто што ми падна на памет беше: Тоа е тоа Рендал, мораш да шутираш. Сакав да шутирам крај поблиската статива, но Мартинез одлично интервенираше.
Кога сега ја гледам ситуацијата сфаќам дека имав и други опции, можев да го лобувам Мартинез, да го проиграм Мбапе…Во грлото се уште имам кнедла и така ќе биде засекогаш“, изјави фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт.