Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со нов фантастичен трипл-дабл во победата на Денвер 🎥

Јокиќ со нов фантастичен трипл-дабл во победата на Денвер 🎥

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар за Денвер и со поддршка од Мареј неговиот тим славеше победа од 122:113.

Јокиќ стигна до одличен трипл-дабл со 26 поени, 18 скокови и 15 асистенции со што одново беше најдобар поединец во својот тим. Поддршка на Јокиќ му беше Џамал Мареј кој поентерски беше најефикасен и постигна 32 поени, Мекалум и Џонс уфрлија по 21 поен за Њу Орлеанс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај Јокиќ и Леброн Џејмс во изминатата ноќ стигна до трипл-дабл, а неговите Лејкерс славеа победа кај Њујорк со 129:123.

Леброн постигна 28 поени и додаде уште 10 скокови и 11 асистенции. Ентони Дејвис додаде 27 поени, а најдобар кај Њујорк беше Брансон со 37 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Мајами 97:100

Њујорк – ЛА Лејкерс 123:129

Чикаго – ЛА Клиперс 103:108

Милвоки – Шарлот 124:115

Денвер – Њу Орлеанс 122:113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…